Поврзи се со нас

Популарно.мк

Со шипки нападнат и претепан новинарот Саше Ивановски – Политико

Актуелно

Со шипки нападнат и претепан новинарот Саше Ивановски – Политико

Насловна фотографија: Принтскрин / YouTube

Вчеравечер во скопската населба Кисела Вода, две непознати и маскирани лица го нападнале новинарот и сопственик на Мактел, Саше Ивановски – Политико, пред зградата во која живее, пренесува порталот Мактел.

Според информациите, маскираните лица со шипки успеале неколку пати да го удрат по главата, нанесувајќи му тешка повреда.

Ивановки се бранел користејќи ја чантата што ја носел со себе, по што почнал да бега. Со брза помош е пренесен до болница, а од Мактел најавија и пријава во МВР.

-Пријавено е дека бил нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од МВР.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.