Поврзи се со нас

Популарно.мк

Силно невреме со пороен дожд и грмежи во Куманово и Пелагонија

Вести

Силно невреме со пороен дожд и грмежи во Куманово и Пелагонија

Според добиените податоци од метеоролошките станици и радарските центри, во пладневните и раните попладневни часови имаше појава на нестабилност со дожд и грмежи во западниот планински дел и тоа Кичево, Македонски Брод и Прилеп, како и на подрачјето на градот Скопје.

Нестабилната воздушна маса од Скопје, во јужно струење продолжи кон Куманово, каде се интензивираше и даде поинтензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и појава на ситен град.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во попладневните часови од позначителна нестабилна облачна маса беше зафатено подрачјето на Пелагонија, како и градот Прилеп. Тука има подолготрајна појава на интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град. Од нестабилноста пократкотрајно беше зафатена и Битола.

Во моментов има три активни центри на нестабилност: меѓу Прилеп и Битола, околу М. Брод и источно од Куманово. Сите овие центри во јужно воздушно струење ќе се поместуваат кон север.

Во вечерните часови ќе има престанок на процесите во атмосферата.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.