Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зоран Заев и Радмила Шеќеринска на средба со Ерван Фуере

Актуелно

Зоран Заев и Радмила Шеќеринска на средба со Ерван Фуере

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретнаа со поранешниот амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Ерван Фуере.

На средбата се разменија мислења за актуелната состојба во земјава и можностите за изнаоѓање решение од длабоката политичка криза.

Претседателот Заев го информираше поранешниот амбасадор Фуере за процесот на разговори коишто се водат со посредство на Европската Унија и обидот да започнат политички преговори во интерес на Република Македонија.

-Оставки и формирање преодна влада е единственото решение за излез од политичката криза, потенцира претседателот Заев.

Влада којашто ќе има за цел да ја врати државата на граѓаните преку демократизација, ослободување на институциите и обезбедување на услови за организирање на слободни, фер и демократски избори, на коишто граѓаните без страв и притисоци ќе можат да ја искажат својата слободна волја, посочи Заев.

Претседателот Заев и поранешниот амбасадор Фуере се согласија дека враќањето на слободата и демократијата во Република Македонија ќе ја отвори можноста за враќање на европските вредности и европската перспектива на земјава.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.