Следи нѐ
To Top

One Republic со порака до фановите во Македонија: „Ветуваме одлична забава на 1 јуни!“

На само неколку дена до најголемиот музички спектакл во последнава деценија во Македонија – концертот на One Republic, со порака и покана до своите фанови се јави фронтменот на групата Ryan Tedder:

– „Здраво, навистина сме среќни што ќе настапиме во Скопје на 1 јуни. За мене и бендот секогаш било предизвик да настапуваме на места на кои не сме биле порано. Ве поканувам сите да дојдете и ветуваме одлична забава! Уан Републик мисли на вас! Се гледаме во Скопје!“

Како што претходно ве информиравме, Ryan Tedder и останатите членови на бендот доаѓаат со свој приватен Jet на денот на концертот, додека нивната екипа поради огромните технички потреби доаѓаат три дена порано со пет автобуси и пет камиони со опрема.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: One Republic со приватен џет ќе слетаат во Скопје!

11156126_1040126706015356_5225684711222723326_n[1]

Концертот на моментално најголемиот и најатрактивен светски бенд – One Republic ќе се одржи на 1ви Јуни во арената Борис Трајковски.

Влезниците или подобро кажано дел од влезниците што се останати во продажба можете да ги набавите преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе како и online на www.kupikartizase.com

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.