Следи нѐ
To Top

„Денс Арената“ ја комплетира импресивната програма за прослава на 15. роденден на „Егзит“!

Еден од највлијателните изведувачи во историјата на електронската музика, легендарниот „Лефтфилд“ (Leftfield), ќе настапи во живо на 12. јули на „Денс Арена“, во рамки на прославата на 15. роденден на Егзит фестивал!

Неприкосновеното влијание врз современата електронска сцена ќе го претстави со нумерите „Open Up“, „Release the Pressure“, „Afrika Shox“, „Afro Left“, „Original“, „Swords“, „Phat Planet“ и многу други. По две номинации за престижната „Меркјури“ (Mercury) награда и албумот „Rhythm and Stealth“, кој го достигна првото место на британската топ листа, „Лефтфилд“ својот нов албум „Alternative Light Source“, прв по 16 години ќе го објави на 8. јуни, а како апсолутен хит-сингл од него веќе се издвои „Universal Everything“!

Зачетникот на тропскиот хаус звук, Томас Џек (Thomas Jack), ќе се придружи на импресивната програма на „Денс Арена“, со премиерниот настап во сабота на 11. јули! Талентираниот австралиски музичар ја носи позитивната летна енергија со хитовите кои го „запалија“ интернетот, како „Final Speech“ и „Symphone“.

Со овогодишната селекција на резидентите на „Денс Арена“, комплетиран е импресивниот список на изведувачите по денови, па првата вечер, во четврток на 9. јули, големата роденденска журка ќе ја понесат: Адам Бејер б2б Џозеф Каприати (Adam Beyer b2b Joseph Capriati), Крис Либинг (Chris Liebing), „Октав Уан“ (Octave One), Никол Моудабер (Nicole Moudaber), Дејан Милиќевиќ, Леа Добричиќ и Марко Милосављевиќ.

Следната ноќ, во петок на 10. јули ќе настапат: Хардвел (Hardwell), Оливер Хелденс (Oliver Heldens), „Кетс ‘ен Догс“ (Catz ’n Dogz), Колш (Kölsch), „Кил д Баз“ (Kill the Buzz), Мирко & Мекс (Mirko & Meex) и Рајз & 5хајн“ (Rise & 5hine).

За саботната лудница на 11. јули, ќе се погрижат: Мартин Гарикс (Martin Garrix), МК ака Марк Кинчен (MK aka Marc Kinchen), Томас Џек (Thomas Jack), Франческа Ломбардо (Francesca Lombardo), „вАФФ“ (wAFF), Марко Настиќ, Пепе (Peppe) и Доо б2б Вем (Doo b2b Vem).

За финалето во недела на 12. јули, на едно место ќе се соберат: Лефтфилд (Leftfield), Диксон (Dixon), „Тејл оф ас“ (Tale of Us), Симиан Мобајл Диско б2б Роман Флугел (Simian Mobile Disco b2b Roman Flügel), Клангкарусел (Klangkarussell), Кристијан Молнар (Kristijan Molnar) и Мене (Mene).

Поради големиот интерес, легендата на електронската сцена „Феитлес“ (Faithless), ќе настапи во полн концертен состав со проширена продукција, а со овој настап всушност за прв пат досега главната бина на Егзит ќе гостува на „Денс Арена“, со вистински спектакл во фестивалската завршница на 12. јули!

Своите настапи на овогодишната, ултимативна „Егзит“ Авантура, од 9. до 18. јули, за едно од најсилните програмски изданија било кога, досега ги потврдија „Моторхед“, „Д Продиџи“, Ману Чао, „Рудиментал“, „Феитлес“, Рошин Марфи, Хардвел, Емели Санде, „Сигма“, Џон Њуман, „Капитал Ситис“, „Клин Бнадит“, Тод Одел, Мартин Гарикс, Граматик, „Тејл оф ас“, Адам Бејер, Крис Либинг, „Иглс оф дед метал“, „Фир фактори“, Вилкинсон, Зомбој, Рони Сајз Репразент, Бондакс, „Напалм Детх“, „Дубиоза колектив“, „Октав Уан“, „Соул Клап“, „Хладно пиво“, „Зостер“, Рамбо Амадеус, Артан Лили, Лола Марч, „1000модс“ и бројни други за вкупно повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Сѐ помалку време за акцијата „4+1“!

Наскоро завршува и омилената акција „4+1“ во која четиричленото друштво кое заедно ги купува влезниците за „Егзит“ (3.599 денари), „Си Денс“ (2.550 денари) или целата „Егзит“ Авантура (4.299 денари), петтата влезница ја добива на подарок!

Влезниците во Македонија се продаваат преку www.mktickets.mk како и во „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, 1 кат). На www.exittrip.org пак, можат да се најдат пакетите кои содржат и сместување, а тука вистинското фестивалско летување од 7. до 20. јули, почнува со цена од 99 евра!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.