Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Без горко нема слатко

Не вкусиш ли пелин нема да уживаш во медот, но „првата голтка од чаша полна пелин најгорчлива е“ – Његош во „Горски венец“.

Спектарот емоции на животот му вдахнува живот, ние сме различни во чувствата и нивната интерпретација, размената на енергија, давања и примања. Среќата е моментална емоција, наивно би било постојано да ја очекуваме или бараме , трчањето по среќа е рамно на трчање по ветрот , поминуваш низ него без да го осетиш.

Среќата не треба да ја доживуваме како ултиматум , уште помалку како критериум или цел, оти тука се судираме со нејзино различно поимање. Бомбардирани со стресно и неизвесно секојдневие заборавивме да се радуваме на првите јаготки, па нека се и ГМО, на комплимент, па нека е и во инбокс од непознато фб другарче, на сончев ден, па и да заврне пред да стасаш дома…

Материјалната егзистенцијата не ни дава спокој, парите се нужни за опстанок, без нив не се може да не се лажеме, но исто толку не се критериум за среќа, барем тоа се потврдувало низ историјата, литературата, низ филмските и театарски поентирања… низ животот. Компромис со економското осиромашување, кое го повлекува кон дното и моралното пропаѓање, и чувството за среќа е да се урамнотежиме во потребите, да ја замениме хедонистичката природа на човековата незаситност со исконската потреба на задоволување со основните човекови потреби.

Контроверзно, колку и човекот во сопствениот дуализам на похлепност (немам посоодветен збор) и скромност. Но ние не сме ,,црно-бели свет,, разликуваме и многу други нијанси кои се малите нешта потребни за среќа.

За Сигмунд Фројд потрагата по среќа е осудена на пропаст, како и секоја голема љубов според Оскар Вајлд, за Шопенхауер најсигурниот начин да не бидеш многу несреќен е да не бараш да бидеш многу среќен, или да не очекуваш, оти очекувањата здоболуваат, вели Шекспир.

Среќата е момент резервиран за посебни настани и ако не успееме да ја ,,раситниме,, на мали и драгоцени нешта, среќата станува апсолут и услов за перманентна несреќа и депресија. Така да , сета акумулирана горчина во нас треба да не направи префинети дегустатори и консументи на сладок вкус што се појавува како виножито после дождот.

Нема слатко без горко, кој ќе ја преживее првата голтка од чашата полна пелин спремен е да се заслади со остатокот од животот.

Поентирање: за љубов и водење љубов не требаат пари, барем не за оние кои знаат да водат љубов и безусловно да сакаат. Водете љубов, за водење политика политичарите се платени и не водат во неповрат за сите пари!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќмај 29, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќмај 29, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќмај 29, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.