Следи нѐ
To Top

Осумнаесет повредени во 38 сообраќајки за 4 дена во Скопје

Осумнаесет лица се здобиле со телесни повреди во вкупно 38 сообраќајни несреќи на подрачјето на Скопје евидентирани од сообраќајната полиција во изминатите четири дена. 

Во четврток, на 28 мај, извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

реклама

Во петок, на 29 мај, извршен е увид исто така на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле возач на патничко возило, двајца сопатници, двајца пешаци,  возач на мопед и возач на мотоцикл.

Во сабота, на 30 мај, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле  сопатник, двајца велосипедисти и возач на мопед.

Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле пешак и возач на мопед.

Вчера е извршен увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден возач на мопед. Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и четворица сопатници.

Во текот на изминатите четири дена сообраќајната полиција санкционирала 35 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 36 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 10 возачи поминале на црвено светло односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и возачи на мопеди и мотоцикли кои не го носеле заштитниот член.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие четири дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 87 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „25 Мај“, објект „Сонце“, населба Ченто.

За денеска не се најавени вонредни настани  и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.