Следи нѐ
To Top

Почнува екстерното тестирање на учениците

Од денеска до 10 јуни ќе се спроведува екстерното тестирање за учебната 2014/2015 година кое, како што соопшти Министерството за образование и наука,  ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници. 

На интернет-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk е објавен базен со вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик по вкупно 7.560 предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. Така, за предмет застапен со еден час неделно генерирани се 100 прашања, за предмет со два часа неделно 200 прашања, за предмет застапен со три часа неделно 300 прашања.

реклама

На prasanjaeksterno.dic.edu.mk беа објавени распоредите за екстерно тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година средно образование.

Учениците имаат можност да ги погледнат датумот и часот кога ќе бидат тестирани, а за наставните предмети ќе бидат информирани три дена пред датумот на полагањето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.