Следи нѐ
To Top

Роби Вилијамс ќе продава рачно напишани текстови за помош на болница за деца

Роби овие денови активно учествува во добротворната аукција за обновување на болницата за дена „Дона Луиз“ во Лондон, а на продавање ги дал највредните предмети кои го прателе за време на турнејата, како и бројни дискографски награди кои достигнуваат вртоглави цени на аукциите.

Во целта да се соберат неколку стотици илјади фунти, Вилијамс поклони 150 предмети за аукцијата именувана по неговиот надалеку познат хит „Doing it for the kids“ (Го правиме тоа за децата).

реклама

Бројни документи, познати сценски костими, награди и оригинални текстови на песни рачно напишани од Роби од почетокот на деведесеттите години ќе започнат да се продаваат на аукција на почетокот на јули.

stream_img[1]

Дел од подарените предмети се сметаат за вистинско богатство за бројните фанови ширум светот, кои не ги штедат своите пари за да дојдат до нив.

Рачно напишаната песна „Let Me Entertain You“, по чие име се одржува и моменталната турнеја на Роби кој ќе настапи во Белград на 17 јуни, според процените ќе достигне цифра од најмалку 6000 фунти!

Се очекува и познатото одело од спотот на песната „Радио“ кое пејачот го носел за време на снимањето да се продаде за цена од 10000 фунти. Меѓу останатите собрани предмети може да се најдат повеќе МТВ награди од периодот на бендот „Take that“, како и останатите награди од многуте албуми. Сите овие награди ќе ги украсуваат ѕидовите на верните фанови, кои заедно со Роби се приклучуваат во оваа сјајна добродетелна акција.

Во својата одлука да помогне на фондот за обнова на болницата за деца давајќи предмети кои се симбол на неговиот успех во кариерата и животот, Роби вели дека на тој начин сака да ја потенцира посебноста на децата чија помош е најмногу потребна. Тој додава дека собраната сума ќе биде донирана за болница, а дека и како родител ќе се вклучи во акцијата и ќе донира дополнителни средства.

Дали знаете дека Роби Вилијамс доаѓа во Белград на 17 јуни?! Сакате да бидете дел од неговиот концерт?

safe_image (Medium)

Влезниците во Македонија пронајдете ги преку продажната мрежа на МКтикетс, на http://mktickets.mk/robbie_williams

Влезниците за спектаклот на Ушќе се поделени по зони и тоа:

ПАРТЕР А со сопствен превоз – 3.300 ден.
ПАРТЕР Б со сопствен превоз – 2.750 ден.
ФАН ПИТ со сопствен превоз – 4.370 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД со сопствен превоз – 5.450 ден.
ТРИБИНА со сопствен превоз – 4.370 ден.

ПАРТЕР А + организиран превоз – 5.000 ден.
ПАРТЕР Б + организиран превоз – 4.400 ден.
ФАН ПИТ + организиран превоз – 6.100 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД + организиран превоз – 7.150 ден.
ТРИБИНИ + организиран превоз – 6.100 ден.
ВИП лаунџ + организиран превоз – 8.950 ден.
ВИП голд + организиран превоз – 15.700 ден.

САМО ПРЕВОЗ – 2.100 ден

www.robbiewilliams.rs

www.facebook.com/events/340701939474319

Организатори на концертот се „Егзит Тим“ и „Скајмјузик“, со поддршка на „Арена Белград“ и „ААА продукција“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.