Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сити мол традиционално по втор пат се претвора во Спортски град

Uncategorized

Сити мол традиционално по втор пат се претвора во Спортски град

И оваа година, по втор пат Скопје Сити Мол се претвора во Спортски град. Концептот „Спорт Сити” е насочен кон промоција на спортот и здравиот начин на живеење.

Со овој настан се овозможува поголема заинтересираност за спортот, воедно и поттик на младите за се почесто да го практикуваат.

Настанот ќе се одржи во времетраење од три дена (05-07 јуни 2015год), проследени со богата програма и многу активности, а сите кои сакаат да го посетат се добредојдени.

05 јуни петок: Промоција на спортски фередации на Република Македонија

Спортските Федерации ќе ги презентираат своите спортови, подржани и организирани од страна на Сојузот на спортски федерации на Република Македонија.

Промоцијата на спортовите ќе ја најави Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Г-дин Маријан Спасески во 18:00 часот. Исто така ќе се обратат и Претседателот на Сојуз на спортови на РМ и претставник од менаџментот на Скопје Сити Мол.

06 јуни сабота: Симултанка во шах и пинг – понг

Ќе биде одржана симултанка во шах и пинг понг, во кои ќе може да се вклучат сите посетители.

07 јуни недела: Sport Shopping Chalenge и часови по Зумба/ Аеробик/ Пилатес/ Јога

Ќе се одржи првиот спорт шопинг предизвик во Скопје Сити Мол, на кој купувачите со сметка над 3000 денари, ќе може да се пријават и да ја истрчаат шопинг мапата, да ги набават работите од листата и доколку освојат добар резултат да ги добијат истите.

Спортски мол на сите страни е сликата која во попладневните часови ќе ја има во Скопје Сити Мол, односно зумба, аеробик, пилатес, јога часови во кои ќе може да се приклучи секој посетител кој има желба за вежбање.

Ова е можност за сите млади да се запознаат со спортовите, предизвиците, бенефитите и успесите на големите великани од спортот, а воедно е и голем поттик да започнат да ги практикуваат истите. Воедно, за време на настанот сите посетители ги очекуваат големи попусти на спортска опрема во продавниците низ Скопје Сити Мол.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.