Поврзи се со нас

Популарно.мк

Барселона и Јувентус во борба за шампионскиот трофеј во ЛШ

Спорт

Барселона и Јувентус во борба за шампионскиот трофеј во ЛШ

Екипите на Барселона и на Јувентус вечерва во Берлин ќе го играат завршниот дуел оваа сезона во фудбалската Лига на шампиони.

Барселона досега има четири трофеи од елитното натпреварување наспроти двете титули на италијанскиот првак.

И двата тима во финалето влегуваат со освоени домашни првенства.

Јувентус на овој дуел ќе настапи хендикепиран без Џорџо Кјелини кој се повреди на еден од тренинзите, а тренерот Масимилијано Алегри фаворитската улога ја препушта на Каталонците.

– Со кого и да играше, Барселона ќе беше фаворит. Но и ние си имаме свои планови. Ќе се обидеме да ја најдеме нивната слаба точка, верувам дека и тие се ранливи, истакна Алегри.

Шпанскиот претставник без некои поголеми проблеми околу составот го дочекува финалето. За тренерот Луис Енрике шансите за успех се 50:50.

– Шансите се еднакви. Јувентус е шампион на Италија, квалитетот го докажа со елиминацијата на Реал во полуфиналето. Очекувам тежок и неизвесен меч, но верувам дека мојот тим може да победи, нагласува Енрике.
в сабота, на „Олимпискиот стадион“ во Берлин

Почетокот на дуелот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин е вечер во 20 часот и 45 минути.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.