Следи нѐ
To Top

Папа Франциско: Сараево е Ерусалим на Западот

Сараево е Ерусалим на Западот, изјави денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој престојува во 11-часовна државничка и пасторална посета на Босна и Херцеговина.

– Сараево го нарекуваат Ерусалим на Западот. Тоа е град со различни етнички и верски култури. Тоа е град кој многу страдаше во историјата. Сега е на прекрасниот пат кон мирот. Ја правам оваа посета за за зборувам за тоа, за мирот и за молитвите за мир, изјави понтифот.

реклама

По пристигнувањето на аеродормот во Сараево, папата беше пречекан од членот на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ, надбискупот врвбосански, кардиналот Винко Пуљиќ, апостолскиот нунциј Лујџи Пезути и од повеќе претставници на властите и армијата на БиХ.

На дочекот на аеродормот приусутвуваа и 114 млади луѓе облечени во народни носии од сите делови на БиХ.

Од аеродормот, папата се упати кон зградата на Претседателството на БиХ, каде на службена државна церемонија го пречека претседавачот на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ. На церемонијата престуствуваа и останатите двајца членови на Претседателството, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ, како и претставници на Владата и Парламентот.

По дочекот папата замина на средби со највисоките претставници на властите во земјата во зградата на Претседателството.

Централната манифестација на посетата и обраќањето на папата е планирано за на стадионот Кошево, каде се очекува присуство на 65.000 верници од БиХ и од регионот.

За гарантирање на безбедноста на папата за време на посетата на Сараево се ангажирани 10.000 припадници на безбедносните служби на БиХ и на жандармеријата на Ватикан. Главниот град на Босна и Херцеговина денеска практично е под опсада, а улиците по кои се движи папата се блокирани.

Еден од главните моменти на еднодневната посета на папата на Сараево е закажаниот меѓуверски состанок. Предвидено е Франциско да разговара со претставници на католичката, православната, муслиманската и еврејската верска заедница. За средба со папата во Сараево се пријавиле 4.550 млади луѓе односно 150 групи од БиХ, Хрватска, Србија, Словенија, Италија и Австрија.

Посетата на папата се совпаѓа со 20-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој беше ставен крај на војната во БиХ (1992-1995).

Ова е трета посета на еден папа на Сараево, по двете посети на Јован Павле Втори на БиХ во 1997 и 2003 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.