//
Следи нѐ
To Top

Голема светска музичка сензација како „загревање“ пред настапот на Роби Вилијамс во Белград

Веќе е испланирана сет листата за овогодинешната турнеја на Вилијамс чиј концерт просечно трае повеќе од 100 минути исполнети со апсолутен аудио-визуелен спектакл, со дури 20 членови на бендот кои го пратат Роби на сцената цело време!

Но, многу музичари ќе се појават на сцената како загревање пред големиот спектакл кој ќе започне во 21.30 часот!

реклама

Во духот на познатиот хит „Rock DJ“, по концертот на Вилијамс забавата продолжува на Ушќе со голема ДЏ забава со бројни светски хитови од денс и поп светските музички листи.

Концертот на Роби Вилијамс официјално започнува во 20 часот, а тој на сцената ќе се појави во 21.30, по што како што најавува менаџментот, ќе бидеме сведоци на 100-минутен светски спектакл кој ќе нѐ остави без здив.

Еден од најбараните кавер бендови во регионот, Перпетум Мобиле, кои веќе имаат искуство во загревање на публиката на концертите на CeeLo Green и Jamiroquai, кои на сцената ќе настапат со разработка на хитовите на овогодинешните изведувачи на Егзит и Си Денс фестивал, како што се Faithless, Emeli Sande, The Prodigy, Manu Chao, John Newman, Capital Cities, Milky Chance, Clean Bandit и многу други.

Специјални гости на загревањето ќе бидат и овогодинешната српска претставничка на Евровизија Бојана Стаменов, а исто така и финалистите на регионалното хит шоу Х Фактор. На самиот крај, организаторите подготвуваат специјално изненадување, односно краток настап на голема светска музичка сензација!

Дали овие информации ве натераа да бидете дел од концертот на деценијата?

safe_image (Medium)

Влезниците во Македонија пронајдете ги преку продажната мрежа на МКтикетс, на http://mktickets.mk/robbie_williams

Влезниците за спектаклот на Ушќе се поделени по зони и тоа:

ПАРТЕР А со сопствен превоз – 3.300 ден.
ПАРТЕР Б со сопствен превоз – 2.750 ден.
ФАН ПИТ со сопствен превоз – 4.370 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД со сопствен превоз – 5.450 ден.
ТРИБИНА со сопствен превоз – 4.370 ден.

ПАРТЕР А + организиран превоз – 5.000 ден.
ПАРТЕР Б + организиран превоз – 4.400 ден.
ФАН ПИТ + организиран превоз – 6.100 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД + организиран превоз – 7.150 ден.
ТРИБИНИ + организиран превоз – 6.100 ден.
ВИП лаунџ + организиран превоз – 8.950 ден.
ВИП голд + организиран превоз – 15.700 ден.

САМО ПРЕВОЗ – 2.100 ден

www.robbiewilliams.rs

www.facebook.com/events/340701939474319

Организатори на концертот се „Егзит Тим“ и „Скајмјузик“, со поддршка на „Арена Белград“ и „ААА продукција“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: