Следи нѐ
To Top

Елитни Одреди и Тајзи ќе ги забавуваат скопјани на „One day“ фестивалот на Кале

Забавата за почеток на ова лето започнува на најзелената скопска локација- Скопското Кале.

„One day fest” оваа година ќе се одржи за првпат и е еднодневен фестивал кој ќе ги собере сите возрасти на едно место, ќе ни пружи незаборавна забава и 5 часовно музичко задоволство со омилените меѓу младите музички изведувачи на овие простори .

реклама

Настапуваат: Елитни Одреди, Тајзи, Чил Плеј, Dj Fox, Dj Speaker, Dj Silence, Dj Masque, Nevermind, Bad Influence Official, а во склоп на фестивалот „Баскерфест“ ќе има и fire show со баскер изведувачи.

Од организацијата ветуваат уште многу други изненадувања за вечерата.

– „Живата свирка ќе ве расположи, електронската музика ќе ја крене атмосферата, а спектакуларните музички групи ќе ви ја направат вечерта незаборавна“, велат организаторите.

Картите се во претпродажба по цена од 300 денари.
Од 05.06 до 14.06 = 300ден.
Од 15.06 до 19.06 = 400ден.
На врата = 500ден.

Продажните салони на ONE во:
Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија;

во Скопје:
Југотон (ГТЦ 1 кат),
Универзална Сала,
Тобако – МПМ ПРЕС,
Тобако 2 -Скопјанка,
Тобако – Дрводекор,
Супер Тобако 8;
Кафе Браво ;
Кафе Круг
Пивница Стар Град
Винотека Темов

во Тетово: Алпине Спорт,
во Охрид: Њу Тобако
во Кавадарци: Ровим Ком

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.