Поврзи се со нас

Популарно.мк

Ќе се реконструира градскиот кеј на Охридското Езеро

Актуелно

Ќе се реконструира градскиот кеј на Охридското Езеро

Охридската локална самоуправа најави реконтрукција на градскиот Кеј на Охридското Езеро. Проектот за идниот изглед на градското шеталиште ќе го изработуваат општинските стручни служби, откако Општинската комисија ги отфрли како мегаломански сите понудени идејни решенија.

Како што најави градоначалникот Никола Бакрачески, при изработката на проектот за идејното решение ќе се внимава да не се нарушува природниот еко-систем на Охридското Езеро.

– Проектот за реконструкција на Кејот мора да ги задоволува стандардите и барањата на експертите, вели Бакрачески, појаснувајќи дека во тек е изработката на идејниот и основниот проект и по неговото завршување, од што ќе произлезе и цената на таквото идејно решение, локалната самоуправа ќе излезе со конкретни рокови за тоа кога ќе отпочнат градежните активности.

Спроведената анализа од страна на стручните служби покажала нарушување на статиката на Кејот, со оштетувања кои во иднина би претставувале опасност за минувачите.

Инаку, Кејот на Охридското Езеро е изграден во 1928 година, а низ годините постепено е доградуван. Во 1941 година тој е холтикултурно уреден, додека неговата целосна изградба е завршена некаде во 50-те години на минатиот век. Во неколку наврати оттогаш шеталиштето е санирано од оштетувања.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.