Поврзи се со нас

Популарно.мк

Apple претстави нов музички стрим сервис – Apple Music

Мобилни

Apple претстави нов музички стрим сервис – Apple Music

Американската компанија „Епл“ го најави долго очекуваниот музички стрим сервис, преку кој сите корисници ќе имаат пристап до десетина милиони песни. 

Главниот извршен директор Тим Кук го претстави Епл Мјузик на годишната програмска конференција на компанијата. Епл Мјузик важи за ривал на Спотифај.

– Епл Мјузик засекогаш ќе го промени начинот на кој ја доживувате музиката, изјави Кук.

Корисниците ќе може да слушаат музика или да ги зачуваат во рамки на опцијата слушај подоцна, за што не е потребна интернет конекција.

Епл Мјузик стартува и глобална радио станица 24/7 Битс Уан, што ќе емитува сигнал од Лос Анџелес, Њујорк и Лондон.

Користењето на овој сервис во САД ќе чини 9,99 долари месечно, додека првите три месеци ќе биде бесплатно, за разлика од Спотифај, кој не нуди бесплатна опција.

Епл Мјузик ќе биде достапен на Епл уредите од 30 јуни во над 100 земји во светот, а на Виндоус и Андроид уредите од есен.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.