Следи нѐ
To Top

Завршува учебната 2014/2015 година: Од денеска учениците на летен распуст

За околу 280.000 основци и средношколци денеска завршува учебната 2014/2015 година и почнува летниот распуст. 

Воедно, денеска е и последниот ден од годинашното екстерно тестирање, со кое во изминатите девет дена беа опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

реклама

Матурантите ги очекува полагање државна матура кое почнува утре со тестирањето по мајчин јазик и литература.

За полуматурантите, пак, претстои запишување во средно образование кое е задолжително. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 22-ри и 23 јуни.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.