Следи нѐ
To Top

Новинарите на заеднички органски ручек со Амбасадарот на Швајцарија во РМ

Денешниот органски ручек со Амбасадорот на Швајцарија во РМ, Н.Е. г-дин Стефано Лаѕарото и претставниците од седмата сила е доказ дека органската храна влегува на голема врата кај нас.

Швајцарија е земја во која што има најголема потрошувачка на органски производи по глава на жител. Токму затоа таа е активен поддржувач на пошироката застапеност и достапност на квалитетна органска храна во Македонија.

реклама

Полека но сигурно целта се постигнува, а тоа е што повеќе производители, конзументи и поддржувачи на органската храна. Големо производство и побарувачка, одличен пласман, здрави луѓе и развивање на зелената економијасе главните теми за кои неформално разговараа Амбасадорот на Швајцарија во РМ, Н.Е. г-дин Стефано Лаѕарото и претставниците од медиумите, присутни на органскиот ручек во резиденцијата на Швајцарскиот Амбасадор во Скопје.

,,Среќни сме што денес органските производи се се’ подостапни за македонските граѓани како преку Органскиот базар во Skopje City Mall, така и преку продавницата на Наша Добра Земја. Македонија како земја со квалитенти земјоделски производи има голем потенцијал за органско производство и се надеваме дека македонската трпеза ќе изобилува со се повеќе здрави и природни домашни органски производи. Швајцарија е среќна да биде дел од поддршката на органското производство во Македонија уште од 2005 година”.- изјави Амбасадорот на Швајцарија во РМ, Н.Е. г-дин Стефано Лаѕарото.

IME е програма на Швајцарската Агенција за развој и соработка и е имплементирана од Swisscontact и Преда Плус. Програмата има за цел да создава работни места и зголеми приходи за невработените и вработени мажи и жени во Македонија со посебен фокус на млади лица.

Проектот ќе го олесни внатрешното зајакнување на мали и средни претпријатија, ќе го подобри квалитетот на производи и услуги, зголеми пазари и создаде добра средина за секторите туризам, креативни индустрии (ИТ и дизајн на производи) и зелена еконимија (органско земјоделие и одржливо градежништво). Првата фаза на проектот трае од 2014 до 2019 со финансиска поддршка од 7.5 милиони швајцарски франци.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.