Следи нѐ
To Top

Времето денес: Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните и северозападните делови, но помалку изразено од вчера.

Утринската температура ќе биде од 9 до 16, а дневната од 25 до 32 степена.

реклама

Во Скопје слично време со температура од 15 до 31 степен.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, при што за време на викендот и во почетокот на следната недела дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Во попладневните часови се уште на некои места ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.