Следи нѐ
To Top

Груевски и Заев со меѓусебни обвинувања за неуспехот на разговорите во Брисел

Извор на веста: Макфакс

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на опизициската СДСМ, Зоран Заев по маратоснките разговори во Брисел излегоа со меѓусебни обвинувања за неуспехот на разговорите, пренесува МАКФАКС.

реклама

Груевски го обвини Заев дека не сака договор бидејќи се плаши од избори, додека според Заев, избори кои би ги организирал Груевски не може да бидат фер.

„Ние денеска преговаравме повеќе од 12 часа и мојата крајна констатација е дека господинот Заев ниту сакаше да постигне договор, ниту, пак, дојде до тоа. Причината е што тој не дојде да се договори, туку тој дојде да не се договори. Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско, дека ќе го доживее најголемиот пораз на СДСМ досега во неговата историја. Ни договор сака да постигне, ниту избори да има. Тоа е целиот проблем со него и атмосферата што ја градеше претходните денови, укажуваше дека не сака да постигне договор“, изјави Груевски по состанокот.

„Важно е што останавме на ставовите кои не се само наши. Тоа се единствено можни принципиелни ставови кои гарантираат фер и демократски избори. Тоа со Груевски не е возможно. Тој е главниот виновник за сите криминали. Не може човекот кој е главен во проблемот да биде и решение за проблемот. Избори со Груевски не можат да бидат фер“, рече Заев.

Заев остави можност за продолжување на разговорите и најави дека ќе продолжи со објавувањето на „бомби“.

На средбата во Брисел четворицата лидери на политичките партии во Македонија и еврокомесарот Јоханес Хан не постигнаа договор за решавање на политичката криза.

Хан изрази разочараност и ги повика сите страни да најдат траен политички компромис.

Тој на својот Твитер профил напиша: „Нема конечен договор на разговорите за БЈР Македонија. Многу сум разочаран од недостатокот на одговорност и лидерство на некого. Граѓаните заслужуваат подобро: демократија, владеење на правото и европска иднина. Нема да се откажеме!“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.