Следи нѐ
To Top

Дејвид Гета ќе ја компонира химната за Европското првенство на фудбал 2016

Во моментот кога почна продажбата на билети за Европското првенство на фудбал 2016, УЕФА откри дека химната ќе ја компонира светски познатиот ди-џеј, Дејвид Гета.

– Официјалната музика ќе ја компонира Дејвид Гета. Тој ќе биде официјален композитор и музички амбасадор на турнирот, рече претседателот на УЕФА, Мишел Платини во текот на прес-конеренцијата која се одржа во Париз.

реклама

Францускиот ди-џеј и музички продуцент во последно време работи со некои од најпознатите светски изведувачи како Мадона, Ријана и Ники Минаж.

Сепак, тој да биде официјален композитор не наиде на општо одобрување. Многумина стравуваат дека таа „химна“ која неминовно ќе се врти на сите медиуми, „ќе го уништи летото 2016“.

– Да се бара од Гета да компонира музика за ЕУРО, тоа е како да од риалити старлета да се бара да води културна емисија, огорчено коментира еден корисник на Твитер.

Петнаесетото Европско првенство во фудбал, најзначениот турнир во овој спорт на Стариот континент ќе се одржи во Франција од 10 јуни до 10 јули 2016, со учество на 24 екипи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.