

За првпат во Македонија, ова лето ќе бидат организирани летни часови за пливање по американската програма „Научи да пливаш правилно за 10 часа“.
Организатор на оваа летна пливачка школа е Мартин Стефановски, кој го носи епитот најбрз македонски пливач на сите времиња, по програма на олимписката пливачка, проф. д-р Наташа Мешковска.
Програмата е прилагодена за деца од 5 до 15 години, а часовите ќе се одржуваат на базенот „Карпош“ при спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Организаторите ги охрабруваат сите заинтересирани да ги посетат нивните часови и да бидат дел од ова несекојдневно искуство.
За запишување и повеќе информации, јавете се на броевите 071-248-750 и 070-315-827.
Како потсетување, Мартин Стефановски стана национален првак во пливање откако во 2012 година го собори 15 години стариот рекорд на Александар Маленко во пливање.