Следи нѐ
To Top

На 93-годишна возраст почина британскиот актер Кристофер Ли

Познатиот британски актер Кристофер Ли почина 93-годишна возраст во лондонската болница „Челзи и Хамерсмит“, каде во неделата беше примен на лекување поради проблеми со органите за дишење и срцето.

Тој има настапувано во 250 филмови во периодот од 30-те години на 20-от век, па до 2010 година, кога глумеше во филмот „Алиса во земјата на чудата“.

реклама

Сепак Ли остана најмногу запаметен по улогите во хорор филмовите, како оние за Франкештајн и Дракула и во серијалот „Мумија“, но и како „негативец“ во акциски и криминалистички филмови.

Прва поголема улога му е толкувањето на ликот на Карло Велики во проект снимен пред Вторатата светска војна, но стана познат низ целиот свет по улогите во „Војната на ѕвездите„ и „Кралот на прстените“.

Ли беше подалечен роднина на писателот Ијан Флеминг, „таткото“ на романите за тајниот агент Џемс Бонд. Од него побарал да му помогне да ја добие улогата на „главниот негативец“ во првиот филм за Бонд, „Доктор Но“, снимен во 1962 година, со Шон Конери како агентот 007 и Урсула Андерс.

Ли не успева во тоа, но се појавува во филмот за Бонд, „Човекот со златниот пиштол“, снимен во 1974 година, кога ликот на тајниот агент го толкуваше Роџер Мур.

Кристофер Ли е роден во Лондон во 1922 година. Во 2009 година беше одликуван од британската кралица за достигнувањата во филмот и за својата хуманитарна работа и ја доби титуката „сер“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.