Следи нѐ
To Top

Во понеделник голема дружба со финалистите од шоуто „Х Фактор“ во Сити Мол

На 15 јуни, понеделник, финалистите од најгледаното музичко шоу X-фактор Адриа доаѓаат во Скопје Сити Мол.

X-фактор АДРИА e меѓународна емисија за таленти со балканска продукција. Иако емисијата се снима во Србија, аудициите се одржани и во Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Хрватска што ја прави оваа емисија регионална. Како и оригиналниот британски Х-фактор, така и овој е музичко натпреварување за пронаоѓање на нови музички таленти.

реклама

Во понеделник најавено е големо дружење со најголемите ѕвезди од ова балканско шоу, токму на местото каде што и се одржуваа аудицииите за Македонија – Скопје Сити Мол.

Со почеток во 20 часот пред Скопје Сити Мол, од страната на ул. Љубљанска, сите ќе имаат можност да ги чујат настапите и да се дружат со финалистите од X-фактор.

9 Контрол, Боби Мојсовски, Давид Темелков и Амел Чуриќ ќе ги изведат песните со кои стигнаа до самото финале.

To the moon and back, Celu noć i celi dan, Mirrors, Hipnotiziran, Hold me now, Uptown funk, Среќна ли си ти, Остани, When I was your man, Чија си, Blago onom tko te ima, Counting stars, Zaidi zaidi, Kiss from the rose, Feel, Црно и Бело, Jedina, Who wants to live forever, Lazes zlato, Lejla, Love me again, Lud i ponosan, Pjesmo moja, Bosanac, се дел од песните кои ќе се изведуваат од страна на младите X- фактор ѕвезди.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.