Следи нѐ
To Top

Најбараните претставници на транс музиката годинава на Егзит

За своето трето и досега најатрактивно издание по повод 15. роденден на Егзит, „Гаја експеримент“ (Gaia eXperiment) бината на Петроварадинска тврдина ќе доведе некои од најбараните претставници на транс музиката!

Од 9. до 12. јули љубителите на псај и прогресив транс звукот, ги очекува лондонската ѕвезда Авалон (Avalon) и холандскиот продуцент Лифтшифт (Liftshift), како и домашните Заис (Zyce), Е-клип (E-Clip), Мидл Моуд (Middle Mode), Имагинариум (Imaginarium), Пион (Pion), Архетип (Arhetip). По повод јубилеjот на Егзит, програмата е збогатена со форест жанрот, кој ќе го презентираат гостите од Германија преку два проекти: Ноктилус (Noctilus) и Нокти Лука (Nocti Luka), додека фамозниот гоа стил доаѓа со српската стара школа Сармати (Sarmati).

реклама

За самиот крај на секоја вечер, како што и доликува ќе уживаме во даунтемпо (downtempo) настапите на изведувачите, како што се Магнетик (Magnetic) и Далтон (Dalton), како и со домашната диџеј поддршка составена од водечките српски организации. Бината и озвучувањето ги обезбедуваат ММ Акустикс (MM Acoustics) и Аудиолаб (Audiolab), кои својот квалитет го потврдуваат од година во година. „Гаја експеримент“ Транс бината повторно ќе содржи посебни декорации, а нивната тема годинава ќе остане посебно изненадување.

Своите настапи на овогодишната, ултимативна Exit Авантура, од 9. до 18. јули, за едно од најсилните програмски изданија било кога, досега ги потврдија Manu Chao, The Prodigy, Motörhead, Rudimental, Faithless, Roisin Murphy, Emeli Sandé, Hardwell, Sigma, John Newman, Capital Cities, Clean Bandit, Tom Odell, Martin Garrix, Gramatik, Leftfield, Tale of Us, Adam Beyer, Chris Liebing, Wilkinson, Eagles of Death Metal, Fear Factory, Zomboy, Roni Size Reprazent, Bondax, Napalm Death, Dubioza kolektiv, Octave One, Soul Clap, Hladno pivo, Zoster, Rambo Amadeus, Artan Lili, Lola Marsh, 1000mods и бројни други за вкупно повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Само уште три дена за акцијата 4+1!

Во понеделник (15. јуни) завршува омилената акција „4+1“ во која четиричленото друштво, кое заедно ќе купи влезници за Exit (3.599 ден.), Sea Dance (2.550 ден.), или целата Exit Авантура (4.299 ден.), петтата влезница ја добива за подарок!

Влезниците се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) и преку www.mktickets.mk . На www.exittrip.org, се продаваат пакетите кои содржат и сместување, а цените на аранжманите за вистинското фестивалско летување од 7. до 20. јули, од тврдината до песочната плажа, почнуваат од 99 евра!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.