Следи нѐ
To Top

НОКАУТ со нова песна и нов спот: Погледнете ја преработката на познатиот хит „Penso Positivo”

Иако најавија дека ќе го пуштат синглот “Moli Miracle”, сепак НОКАУТ решија да излезат со друга, позитивна и летна песна.

Станува збор за cover верзијата на познатиот хит на италијанскиот музичар Џованоти, “Penso Positivo” снимен пред повеќе од 20 години. Бендот смета дека таа енергија, вајбот кој го има во песната и пораката која ја испраќа одлично го презентира сензибилитетот на новиот албум.

реклама

Овој пат, освен песна НОКАУТ промовираат и спот, снимен во продукција на Emotion, а во режија на Јован Кучиновски.

– “Целиот процес на снимање и на синглот и на спотот, беше баш таков каква што е песната, позитивен. Се надеваме дека ќе успееме да го пренесеме тој позитивен бран и врз публиката. Да ги потсетиме дека позитивната мисла прави чуда”, вели Никола Перевски.

Музиката е на Џованоти, аранжманот е на Дарко Димитров, а автор на текстот е Игор Џамбазов. Што се однесува до спотот, снимен е на локации во Охрид, а во него се појавуваат: Ристе Спутник, Дени, Владо Барак и териерот Брајан Брцо.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.