Следи нѐ
To Top

Опожарени две возила во Битола

Две возила се целосно опожарени рано изутрината на паркинг на улицата „Димче Лахчански“ во Битола. Од огнот бил зафатен уште еден автомобил кој е помалку оштетен.  

Полицијата соопшти дека околу 4 часот и 30 минути во Битола на паркингот на улица „Димче Лахчански“, од засега непознати причини настанал пожар во автомобилот „Поло“ со битолски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(21) од с.Брод-општина Новаци.

реклама

Пожарот се проширил и зафатил и друго возило „Ауди А4“ исто така со битолски регистарски ознаки сопственост на З.М.(53).

Од пожарот помалку е оштетено уште едно возило Хјундаи.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините кои довеле до опожарување на возилото.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.