Следи нѐ
To Top

Трајче влезе во финалето на шоуто „Пинкови ѕвездички“

Македонскиот претставник во шоуто „Пинкови ѕвездички“, Трајче Георгиев и во вечерашната полуфинална емисија ги воодушеви сите со својот неверојатен вокал, па заслужено доби позитивни коментари од жирито.

Трајче повторно успеа да предизвика емоции кај публиката и жирито. Со изведбата на песната „Impossible“, нашата мала ѕвезда уште еднаш покажа дека заслужено се најде меѓу 16-те полуфиналисти.

реклама

-Ти си господин човек и тоа е твојата прекрасна одлика, рече Јелена Томашевиќ.

-Трајче многу ми се допаѓа како пееш. Ти си некој кој умее да предизивика емоција и јас се надевам дека публиката тоа ќе го препознае, му рече Милан.

-Беше прекрасен, те сакам многу, беше коментарот на Гоца.

-Од самиот почеток беше еден од фаворитите, а вечерва даде многу енергија, рече Хари.

Линиите за гласање беа отворени вчера. Гласањето ќе трае без прекини се до 26-ти месецов кога е финалната вечер. За нашиот Трајче да се најде во финалето, но и да победи, гласајте со праќање на порака со содржина GAL 7 на телефонскиот број 141345.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.