Следи нѐ
To Top

Бронза за Несторовски: Втор медал за Македонија на Европските олимписки игри

Каратистот Мартин Несторосвки го освои бронзениот медал во дисциплината „кумите’’ +84 килограми, на Европски олимписки игри.

Откако вчера, неговиот колега Емил Павлов се закити со бронзата, тоа денеска го стори и Несторосвки со што на Македонија и го донесе вториот медал од игрите кои се одржуваа одржуваат во Баку, Азербејџан.

реклама

Несторовски кој во квалификациите имаше по една победа, нерешен резултат и пораз, во полуфиналето загуби на поени од Германецот Јохан Хорне со 5:0.

Сепак, нашиот каратист беше убедлив во „малото’’ финале, па со 8:0 на поени го совлада Слободан Битевиќ од Србија и се закити со бронзениот медал на првите Европски олимписки игри.

Златниот медал му припадна на Енес Еркане од Турција кој во финалето со 2:1 на поени беше подобар од Јохан Хорне од Германија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.