Следи нѐ
To Top

Македонија од утре во жолта фаза – температурите ќе се искачат до 37 степени

Целата територија на Република Македонија од утре, понеделник, ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Станува збор за температури до 37 степени кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури.

реклама

Потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, одбегнување на директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и повеќе течности.

Посебно внимателни треба да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија од лекар.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи, кремови, мајонези,…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.