Следи нѐ
To Top

НЕВИДЕН ИНТЕРЕС: За еден ден продадени над 8.000 влезници за концертот на Роби Вилијамс во Белград

Организаторите на концертот на Роби Вилијамс во Белград пуштија во продажба нова серија на влезници и отворија нов ВИП дел, поради големиот интерес!

Светската музичка икона Роби Вилијамс ќе одржи концерт во Белград на 17 јуни, а во последните 24 часа за овој спектакл се продадени повеќе од 8.000 влезници!

реклама

Поради досега невидениот интерес, организаторите се решија да ги отворат вратите за уште повеќе фанови.

– „Интересеот е огромен, во Белград ќе дојдат фанови од цела Европа. Најмногу резервации има од регионот, но во Србија организирано доаѓаат и поголема група на фанови од Шпанија и Франција. За само еден ден, продадени се повеќе од 8.000 влезници. Има голем интерес и помеѓу ВИП личностите, па дури и тој дел мора да биде проширен!“ – велат од организацијата.

Во реализацијата на овој настан се вклучени дури 120 луѓе, кои го пратат Роби на моментално најактуелната светска турнеја „Let Me Entertain You 2015“. Роби Вилијамс во Белград ќе настапува на бина широка дури 60 метри, опремена со најсовремена аудио-визуелна опрема, која ќе пристигне со повеќе од 30 камиони. Настапот на Роби е планиран да трае 100 минути, и ќе бидат изведени околу 30 хитови.

Побрзајте и набавете ги вашите влезници!

11406949_859432950792121_4917673640955071718_n[1]

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.