//
Следи нѐ
To Top

Поминете го вашиот летен одмор во Римини

Римини се наоѓа на второ место во Европа во однос на туризмот и навистина тој е фантастичен град кој се протега долж азурно синото Јадранско Море.

Римини важи за центар на забави како за деца, така и за оние малку повозрасните. За децата има многу забавни паркови во околината на градот, а за повозрасните шеталиште покрај море, каде се наоѓаат голем број кафулиња, ресторани, барови и дискотеки.

реклама

Римини е познат и по љубезноста на Италијанците и големото гостопримство на локалните жители кои имаат добра волја и желба да комуницираат со сите, иако често пати имаат мошне скромно познавање на странските јазици.

Римини е поделен на неколку делови: Марина, Сан Џулијано, Бељарива, Маребељо, Ривацура, Мирамаре и Ричионе и сите тие се добро поврзани со центарот преку градскиот превоз. Покрај тоа, Римини е одлично позициониран, па во текот на летувањето можно е да видите и други италијански градови – Равена, Болоња и Фиренца. Најголема предност е близината на мини државата Сан Марино, која се наоѓа на само 20 километри од него.

Што се однесува до храната, може да очекувате многу тесто и помалку месо. Задолжително да ги пробате пиадините, вкусните тортиљи полнети со свежо овошје и италијанска пршута, но пред тоа распрашајте се каде се најдобри. Цените се слични како и кај нас, а на пример познатото италијанско еспресо можете на некои места да го купите и за за само едно евро. И секако во Италија задолжително морате да јадете сладолед – таквиот вкус тешко ќе се заборави.

Римини инаку има феноменална песочна плажа долга околу 15 километри, која одлично е уредена и се е подредено за туристите: терени за кошарка, одбојка, бесплатни книги, списанија, теретана, игралиште за деца. Водата е плитка што е идално за летување со деца. Секако, постојат делови на плажата кои се бесплатни и можете слободно да донесете свој чадор за сонце и опрема.

Римини исто така е итересен како историски и уметнички центар, заради староримските градби и музеи. Најубавите впечатоци се дефинитивно во преубавиот центар, каде атмосферата на Плоштадот Кавур е целосно медитеранска и пријатна. Таму можат да се видат споменици од 13.,14.,17. век, преубавите градби Pallaco Garampi, Pallaco del’Arengo, статуата на папата Паоло Петти, Фонтана дела Пиња.

Во црквата Сан Николо се наоѓа дел од моштите на Свети Никола. Тибериевиот мост од 21 година од нашата ера, води на уште едно убаво место во Римини, Борго Сан Џулиано, боемски кварт, каде ќе видите преубави мурали, а меѓу другото и сцени од филмовите на Фелини. Фелини е роден во Римини и ќе забележите дека целиот град е во чест на голем филмски гениј.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: