Следи нѐ
To Top

УХМР: Вечерва невреме во источните делови од земјава

Струмичката котлина, Делчево, Берово и Велешко вечерва се очекува да бидат зафатени од невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците со кои располага Одделението за анализа и прогноза на време и радарските слики од радарскиот центар Ѓуриште, невремето ќе биде со умерен интензитет и ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

реклама

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната  од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе достигне вредност 9.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност и со слаб југоисточен ветер.

Утринската температура до 15 степени, а дневната ќе достигне до 35 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.