Следи нѐ
To Top

Заврши натпреварот за роботика RoboMac 2015

Викендов се одржа финалето на шестото издание на семинарот и натпреварот за роботика RoboMac 2015. Покрај компетитивниот, настанот има и едукативен карактер.

Неколкудневните предавања ги одржаа професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, компании и за прв пат годинава, на големо задоволство на организаторите, беше присутен и гостин од Хрватска, доц. д-р Андреа Китанов.

реклама

Интеракцијата меѓу предавачите и учесниците од разните факултети е една од особините со кои се карактеризира RoboMac.

– „ФЕИТ е благодарен на студентите од студентскиот огранок на македонската секција на ИЕЕЕ и Студентскиот парламент при ФЕИТ за беспрекорната работа, и што повторно и оваа година РОБОМАК го ставија на картата на најуспешни настани од областа на роботиката во нашата земја. Им посакувам добредојде на 60-те учесници, им упатувам благодарност на 8-те предавачи од УКИМ, ФЕР Загреб и FlyCam“ – рече деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, на отворањето на RoboMac 2015.

Организаторите се надеваат дека овој настан ќе доживее 10-ти, дури и 20-ти јубилеј и дека секоја година помладите генерации ќе имаат поттик да ја продолжат оваа традиција.

– „Како организациски тим, многу сме горди и задоволни што RoboMac, од година в година, успева да напредува како настан и да се етаблира меѓу студентите како место каде учењето, практичната работа и дружењето се подеднакво важни!“- изјави Георге Костов, член на организацискиот тим на RoboMac.

Во изминатава седмица учесниците вложија голем труд во креирање на своите дела. Оваа година се натпреваруваа во шест категории: Хуманоид, Сумo, Роботска рака, Трка, “Right Target” и новитетот за оваа година Artificial Intelligence and Raspberry PI.

– „Мислам дека роботиката има огромен потеницијал кој може да се искористи. Се уште е млада наука на овие простори, но тоа ќе се промени во наредните години. Роботите, во зависност од тоа за што се направени, имаат различни намени. Може да извршуваат многу сложени и прецизни движења, не се подложни на умор, можат да работат во многу екстремни услови непогодни за луѓето. Може да служат само за забава, но и за многу практични работи во најразлични области, како што се индустријата и медицината“– изјави Мино Тодоров, победник во категоријата Роботска рака.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.