Следи нѐ
To Top

Не излегувајте на сонце без потреба: Македонија во жолта фаза

Целата територија на Република Македонија од денеска ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека станува збор за температури до 37 степени кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури.

реклама

За денеска се очекува времето да биде сончево со мала доумерена облачност, а во западните делови можна е изолирана појава на краткотрен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб доумерен ветер од југозападен правец. Утринската температура до 15, а дневната до 35 степени.

Поради високите температури потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, одбегнување на директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и повеќе течности.

Посебно внимателни треба да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија од лекар.

Се препорачува темелно миење на овошјето и зеленчукот пред употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи, кремови, мајонези,…

Во вторник ќе биде сончево и топло, а во среда се очекува поизразена нестабилност во попладневните часови со пороен дожд и грмежи. Во четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата ќе се намали за седум до девет степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.