Следи нѐ
To Top

Поради труење затворени два ресторани во Скопје

Два ресторани во Скопје добија решенија за времено затворање на објектите, поради труење, пренесува Нетпрес.

Инспектори за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со санитарната инспекција, во саботата извршиле инспекциска контрола во два угостителски објекти, врз основа на добиеното известување од Центарот за јавно здравје дека на Клиниката за инфективни болести во текот на викендов биле примени неколку лица со симптоми на труење.

реклама

Станува збор за ресторан во ТЦ Лептокарија во Скопје и во угостителски објект во близина на село Мирковци – Скопско.

За утврдување на причините на труењето во овие два објекта, од страна на инспекциските служби земени се и мостри од храната која се послужувала, брисеви од работните површини во угостителските објекти за лабораториско испитување.

Двата објекти добиле решенија за времено затворање на објектите, а исто така наложено е и генерално чистење, вршење на дезинфекција, како и упатување на вработените на вонреден санитарен преглед.

„Решенијата за времено затворање на објектите ќе останат на сила се додека не се потврди безбедноста, односно, се додека со повторни контроли не се потврди дека од страна на операторите со храна е постапено по дадените насоки од страна на инспекциските служби за отстранување на недолседностите. Доколку се утврди дека труењето е настанато во соодветниот објект, односно дека инфекциите потекнуваат од храната која се послужувала во овие објекти, или од загадени работни површини, согласно одредбите од Законот за безбедност со храна, на операторите со храна ќе им биде изречена и соодветна парична казна“, соопштуваат од АХВ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.