//
Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Новиот изглед на плоштадот „Македонија“

Почна да работи новата фонтана на градскиот плоштад во Скопје. Фонтаната е со правоаголна форма и е со димензии 20 на 10 метри. Се наоѓа меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и Камениот мост.

Според информациите од градот, површината на фонтаната е изработена од гранитен камен и има лед светилки.

реклама

Новата водена атракција, која наликува на сличните објекти во големите светски метрополи, предизвика голем интерес кај граѓаните, но и кај се побројните туристи.

Отворањето на реновираниот плоштадот и подната фонтана предизвикаа најразлични коментари на социјачните мрежи од типот дека „фонтаната е ново место за туширање и замивање во главниот град“, „ок, барем вака ќе се издржи скопското лето“, „изгледа интересно и модерно, ми се допаѓа“ па се до „зошто мораше плоштадот да биде бел, неможам да поминам по него и тоа со очила за сонце“ и „супер, подобро да не го ни отвореа“!

Во продолжение погледнете ја галеријата:

This slideshow requires JavaScript.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: