Следи нѐ
To Top

Популарно.мк ве носи на One day Fest на Скопско Кале!

Уште неколку дена не делат од настанот кој ќе го обележи почетокот на летото, One day fest на Скопското Кале.

21 јуни е датумот на одржување на првото издание на овој фестивал, а Елитни Одреди, Тајзи, Bad Influence, Chill Play, Dj Leffix ( Progressive house) се само дел од имињата кои ќе настапат на петчасовниот One Day Fest.

реклама

За нашите читатели обезбедивме 2 х 2 гратис влезници, а доколку вие сакате да бидете среќниот добитник, испратете го вашето име, презиме и контакт телефон на [email protected] најдоцна до 18 јуни, 12 часот!

Среќните добитници ќе бидат исконтактирани преку телефон како можат да ги подигнат влезниците.

фест

Картите по 14 јуни чинат 400 денари, додека на врата ќе бидат по 500 денари.

За повеќе инфо – https://www.facebook.com/events/365999326937778/

За фестивалот да биде поспектакуларен најавено е и учество на Баскер изведувачите од Баскерфест, кои ќе имаат свое „fire show”.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.