Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Светот на Јурата“ ги урива рекордите на гледаност

Сцена

„Светот на Јурата“ ги урива рекордите на гледаност

Филмот „Светот на Јурата“ ги урна рекордите на гледаност и стана прво филмско остварување што во текот на првиот викенд од прикажување ја надмина сумата од половина милијарда долари заработка во целиот свет.

Филмот низ целиот свет веќе заработи 511,8 милиони долари, од кои 100 милиони во Кина, објавија американските медиуми.

Новата епизода од „јурскиот“ серијал филмови на Стивен Спилберг, го урна рекордот што досега го држеше филмот „Хари Потер и реликвиите на смртта“, во во првиот викенд на прикажување заработи 483 милиони долари.

Во Северна Америка филмот заработи 204,6 милиони долари, со што го надмина „Одмазници“, кој од 2012 година официјално беше најуспешен „дебитант“ на сите времиња во овој континент, со профит од 200 милиони долари во првиот викенд на прикажуње.

„Светот на Јурата“ во Велика Британија заработи 30 милиони долари, а во Франција повеќе од 12 милиони долари.

Филмот „Паркот Јура“ беше голем светски хит во 1993 година, а четири години потоа следеше „Паркот Јура 2: Изгубениот свет“.

Во 2011 година „Паркот Јура 3“ имаше многу помалку успех, а постигнувањето на четвртиот дел во серијалот, филмските критичари му го припишуваат на „доаѓањето на нова генерација љубители на диносаурусите“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.