Следи нѐ
To Top

„Ворлд Чил-Ин“ бината на Егзит годинава во ново руво!

До почетокот на големата летна „Егзит“ Авантура остануваат уште три цели недели, а по бројот на продадени влезници и пријавени гости од сите шест континенти, интересот на „Егзит“ и „Си Денс“ е рекорден!

За десетиците илјади посетители, кои ќе го слават 15. роденден на „Егзит“ секоја вечер, да можат да ги наполнат батериите и да се одморат од лудувањето на најголемите бини, оваа година во амбиентот на еден од најскриените делови на Петроварадинска тврдина, опкружен со огнени и жестоки рифови од гитарските бини, а целосно обвиен во својот мир, се наоѓа „Ворлд Чил-Ин“ (World Chill–Inn) бината.

Екипата од искусни диск-џокеи и селектори кои ја бираат музиката на оваа бина, претежно е сочинета од новосадските колекционери на добрата, „ворлд“ музика. Некои од нив работат на радио, некои се членови на градските бендови, а некои резиденти на новосадските клубови и сите ги најавуваат своите најдобри изданија за јубилејниот „Егзит“ фестивал, кој оваа година ќе се одржи од 9. до 12. јули.

Своите настапи на овогодишната, ултимативна „Егзит“ Авантура, за едно од најсилните програмски изданија на сите времиња, досега ги потврдија Mötorhead, The Prodigy, Manu Chao, Rudimental, Faithless, Roisin Murphy, Hardwell, Emeli Sandé, Sigma, John Newman, Capital Cities, Clean Bandit, Tom Odell, Martin Garrix, Gramatik, Leftfield, Tale of Us, Adam Beyer, Chris Liebing, Eagles of Death Metal, Fear Factory, Wilkinson, Zomboy, Roni Size Reprazent, Bondax, Napalm Death, Dubioza kolektiv, Octave One, Soul Clap, Hladno pivo, Artan Lili, Zoster и бројни други за вкупно над 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Заврши акцијата 4+1 со рекорден број на продадени влезници!

Од денес пак, во продажба ќе бидат достапни и еднодневните влезници за „Егзит“ фестивал по цена од 1.520 денари за секој ден поединечно. Овие и фестивалските влезниците за „Егзит“ (3.599 ден.), „Си Денс“ (2.550 ден.) и целата „Егзит“ Авантура (4.299 ден.) се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) и преку www.mktickets.mk.

На www.exittrip.org се продаваат и пакетите кои содржат хостелско и хотелско сместување за вистниско фестивалско летување од 7. до 20. јули, од тврдината до песочната плажа, а кои почнуваат со цена од 99 евра!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.