Следи нѐ
To Top

КОНЦЕРТ НА ДЕЦЕНИЈАТА: На Белград му се случи Роби Вилијамс!

30.000 беше бројката на луѓе која вчеравечер го исполни паркот Ушќе во Белград, град кој беше сведок на двочасовното лудило наречено Роби Вилијамс!

Иако неколку минути пред неговиот настап небото над Белград „се отвори“ и почна да врне дожд, тоа не беше причина илјадниците присутни, меѓу кои и многу Македонци, да се забавуваат на големите хитови на Вилијамс.

реклама

Концертот започна со загревањето на српската евровизиска претставничка Бојана Стаменковиќ, потоа на сцената се појави групата Перпетум Мобиле која настапи со повеќе песни од изведувачите на овогодинешното издание на Егзит, следни на сцената настапија суперфиналистите од шоуто Х-Фактор, а крајот беше резервиран за познатите 2Cellos.

robbie-williams-foto-milena-djordjevic-8[1]

Големиот спектакл започна со безвременскиот хит „Let Me Entertain You“ кој всушност е и насловната тема на актуелната турнеја на Роби Вилијамс. Се редеа хитовите “Road to Mandalay“, „Feel“, „Come undone“, „Candy“, а кулминацијата на шоуто беше кога Вилијамс се врати на бис со песната на сите генерации, „Angels“.

Организаторите го најавија ова шоу како спектакл на деценијата, и тоа го остварија! Концертот на Роби Вилијамс во Белград ќе биде настан кој вечно ќе го паметат многу генерации.

Екипата на Популарно.мк беше еден од македонските медиуми кои имаа ексклузен пристап во Фан Пит Голд делот со новинарски акредитации, и во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата преку неколку аматерски видеа:

ЗА ПОПУЛАРНО.МК ОД БЕЛГРАД, ЃОРГИ СЕЛКОВ

We will rock you

Angels

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.