Следи нѐ
To Top

Познат италијански диџеј главна ѕвезда на фестивалот „True Sound Of Kamenica“

Македонска Каменица се подготвува за второто издание на музичкиот фестивал True Sound Of Kamenica.

Потврдени се главните ѕвезди на фестивалот, италијанскиот диџеј Manuel De La Mare, кој ќе настапи на 3-ти јули и босанската атракција, бендот Zoster, чиј пак настап ќе биде на 4-ти јули.

реклама

Покрај нив уште низа популарни имиња ќе бидат дел од овогодинешниот фестивал. На првата фестивалска вечер покрај De La Mare ќе настапат и локалниот диџеј Darkman и бугарските диџеи Double D и DJ Diass. На втората фестивалска вечер пак, ќе настапат македонските хип хоп ѕвезди LD Pistolero и Tonyo San.

Организаторот на фестивалот подготвува уште неколку изненадувања за двете фестивалски вечери.

Промотивниот пакет дводневни фестивалски влезници е веќе пуштен во продажба по цена од 200 денари, а влезници може да се набават во Културно-информативен центар „Романса“ Македонска Каменица или на влез на фестивалот.

True Sound Of Kamenica 2015 има за цел промоција и афирмација на урбаната култура и урбаниот начин на живот. Фестивалот е поддржан од Општина Македонска Каменица, Рудник „Саса“ и уште неколку локални фирми и институции.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.