Следи нѐ
To Top

Кренете рачна, време е за одмор!

„Еден од симптомите за сигурен нервен слом е кога ќе се убедите дека вашата работа е најважното нешто во вашиот живот“ – Бертранд Расел.

Новата доктрина на новото време полека но сигурно го зазема ставот дека ниедна работа, заработувачка, успех или постигнувања не се доволни за да бидете реализирани и среќни.

Кога последен пат сте го гледале залезот на сонцето без да помислите како губите драгоцено време? Дали треба да сме среќни што стануваме веркохоличари? Ќе се распадне ли фирмата без вашето директорување, домаќинството без вашето готвење, ќе завршат ли децата школо без вашето контролирање, мислите ли дека вашиот брачен партнер не може без вашите тековни списоци? Не, може да ве снема и се ќе си продолжи како никогаш и да ве немало.

Клучниот момент е да се сфати дека вие не сте вашата работа, вашиот список на обврски и регистер на успеси… време е за заслужен одмор! Станете хедонисти барем за време на летниот одмор, прифатете ги задоволствата – тоа не е себичност, напротив врв на несебичноста! За почеток успорете го времето барем еден ден, кренете рачна, спуштете го притисокот и следете ги 9-те хедонистички заповеди кои ќе ви помогнат денот да ви биде подолг (денот или … филмот :) ) :

1.Седнете на клупа во парк и гледајте во зеленилото и бубачките.
2.Легнете во лежалка и гледајте во sвезденото небо.
3.Смејте се спонтано.
4.Шетајте без план и цел.
5.Читајте книга во апсолутна тишина.
6.Наполнете си када со омилената миризлива сол.
7.Спијте до кога ви се сака.
8.Изедете и испијте баш она што ви се забранува.
9.Продолжете ја предиграта!!!

За оние кои трчаат за успех, успорувањето на времето е застрашувачка акција. Тие не поднесуваат дека треба да излезат од темпото мортале, да пропуштат важни информации, настани и да „губат време“ по одмори.

Но истите тие ќе си го купуваат сонот по фармацевтските компании, ќе голтаат антидепресиви како децата бомбони. Некој заработува милиони на сметка на претпоставката дека среќата може да се добие на рецепт во облик на таблетка! Натпреварувачкиот живот, кој ќе биде побогат и поуспешен, освен пари и успех (кои се релативни) сигурно ќе ви донесе висок крвен притисок, чир на желудник, хемороиди, инсомнија, депресија, нагли промени на расположение (невроза), изобличен поглед…

За крај, приказната за желката и зајакот, која сите ја знаете! Полека но сигурно, уживајте во пејзажот околу вас, слободното време не е луксуз туку потреба!

АВТОР: Татјана Алексиќ

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќјуни 19, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќјуни 19, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќјуни 19, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.