Следи нѐ
To Top

Параглајдерист од Израел загина кај Врбоец

Педесет и петгодишниот параглајдерист Рон Ашуан од Израел денеска го загуби животот кај прилепското село Врбоец.

Според јавниот обвинител Мимоза Мрмеска, која заедно со полицијата врши увид на местото на несреќата, трагедијата се случила околу 13 часот кога група параглајдеристи вежбале за меѓународен натпревар кој треба да се одржи утре.

реклама

– Параглајдеристот полетал од Крушево. Групата тренирала за утрешниот натпревар. Од засега непознати причини параглајдеристот паднал кај селото Врбоец и починал на местото на несреќата. Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта, рече Мрмеска.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.