Следи нѐ
To Top

Прилепски „Пивофест“ годинава од 16 до 19 јули: Погледнете кој ќе настапува

Прилеп е веќе подготвен за 13-тото издание на големиот летен фестивал „Пивофест“ кој ќе се одржи од 16 до 19 јули, соопштија локалните власти на денешната прес – конференција.

Според Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа, годинашниов „Пивофест“ во сите четири фестивалски дена ќе понуди програма со познати македонски и балкански музички ѕвезди.

реклама

-„Пивофест“ в четврток на 16 јули ќе го отворат: групите Слаткаристика, Љубојна, музичарот Саша Ковачевиќ и најпознатите македонски ди-џеи, рече Ристеска.

Во петок на 17 јули ќе настапат групите „Радио-актив“, ДНК и првпат во Прилеп легендарната рок група „Прљаво казалиште“. Во сабота на 18 јули гостите ќе ги забавуваат Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ.

– Централниот настап на последниот фестивалски ден, в недела на 19 јули, е за балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, а свои концерти ќе одржат и Гоца Тржан и Ален Хасановиќ, информира Ристеска.

Годинашни водители на програмата се Маријана Станојкоска и Жаре Димитриоски.

– Ќе се претстават сите пиварници на овие простори и ќе понудат дури 50 различни видови пиво. Годинашново мото е : „На здравје, Прилеп!“ Главната бина во центарот ќе биде една од најголемите досега на овие простори, а ќе има и екрани на повеќе пунктови во градот. Очекуваме со време да бидат резервирани сите расположливи капацитети, а ќе биде отворен и кампот за оние со авантуристички дух. Ќе функционира и алтернативната бина на плоштадот „Александрија“, објасни Ристеска.

Водителите на „Пивофест“ Маријана и Жаре ветуваат многу забава и натпреварувања, а за градоначалникот Марјан Ристески „Пивофест“ е веќе етаблирана туристичка атракција на македонската мапа.

– Пиво фест се вбројува во трите најголеми балкански манифестации. Значаен дел од туристичката понуда на Македонија, бројката на посетители секогаш се движи од 350.000 до 400.000 посетители во четирите фестивалски дена. Така ќе биде и на 13-то издание на овој голем летен фестивал, рече градоначалникот Ристески.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.