Следи нѐ
To Top

Вечерва големо финале на Икс фактор: Џејмс Артур пристигна во Белград!

Насловна фотографија: Икс фактор Адриа

Вечерва е големото финале на Икс фактор, каде на нашиот кандидат Боби Мојсовски ќе му треба најголемата поддршка досега.

реклама

Специјален гостин на вечерта е британскиот победник на шоуто, Џејмс Артур кој по повод своето доаѓање изјави:

– „Многу сум почестен што ќе настапан во суперфиналето на „Икс Фактор“! Слушнав дека овогодинешните кандидати се сјајни и многу се радувам што ќе ги запознаам. Никогаш претходно не сум бил во Србија, знам дека целиот Балкан е прекрасен, па се надевам дека ќе имам малку слободно време да го запознаам и Белград“.

10351813_785740394880429_5330927477478307732_n[1]

Тој веќе пристигна во Белград и се дружи со финалистите до започнувањето на шоуто. Локално потсетува дека вечерва на сцената со него како суперфиналисти ќе настапат: Амел, Боби Мојсовски, Хајвеј Трио, Најн Контрол, Ива и Магдалена.

Освен титулата победник, оној кој ќе освои најмногу гласови од публиката ќе добие и парична награда од 20.000 евра.

Не го пропуштајте вечерашното големо финале на Икс фактор!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.