Следи нѐ
To Top

Амел Чуриќ победник на втората сезона на Икс Фактор Адриа

Вчеравечер заврши втората сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, X-Factor Adria, чие суперфинале се одржа во Комбанк Арена во Белград.

Босанецот Амел Чуриќ победи на синоќешното финале, додека македонскиот претставник Боби Мојсовски заврши како второпласиран.

реклама

Прв од натпреварувачите настапи Мојсовски, со песната „Полско цвеќе“ од Тоше Проески. Следна беше Магдалена Богиќ која отпеја песна што беше комбинација од две: „Read all about it” од Емили Санде и „We found love” од Ријана.

Потоа настапија двете групи 9 Control и Highway trio, a а веднаш по нив Ива Чуриќ. Последен настапи токму победникот, Амел Чуриќ, со песната од Бон Џови „It’s My Life”.

До самиот крај останаат Боби и Амел, а како победник заврши Босанецот.

Пофалбите за Боби стигнуваа од сите страни, а особено не изненади објавата на официјалната Facebook страна на X-Factor Adria.

Што да кажеме освен дека Боби е второпласиран! Тој е повратник кој покажа што знае! Тој е гордост Македонска. Во суперфиналето пееше многу добро со бронхитис што… Немаме зборови! Скромен, мил, со впечатлива фризура… Феноменален си Боби, само напред! Горди сме на тебе!

– Ах, треба да кажам нешто. Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа, бидејќи без вас ова немаше да се случи. Не можам да верувам дека победив на ова шоу. Морам да го пофалам и Боби, кој е одличен пејач и кој мора да нагласам дека моментално има бронхитис, но сепак успеа да стигне до тука, изјави Амел, а потоа го прегрна Боби и заедно ја пееја песната „It’s My Life“.

Финалето беше исполнето со безброј настапи. Настапуваа членовите на жирито, кои претставуваа нови песни, а најдолго чекан настап беше настапот на големиот Џејмс Артур, кој всушност се здоби со слава откако победи на Британскиот X-Factor.

Тој ја испеа неговата песна „Recovery“, а потоа и неговата победничка, „Impossible“, која има рекордна слушаност од над 3 милиони.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.