Следи нѐ
To Top

ДЗЛП: Најмногу злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи

Бројот на претставки за нарушување на приватноста во Македонија во 2014 година изнесува 371 од кои 331 од физички лица, 36 од правни и четири од анонимни подносители. Најмногу претставки се поднесени за нарушување на приватноста на социјалните мрежи. Во 2014 бројот на претставки е поголем за четири пати во однос на 2009 година. Од претставките 89 проценти се поднесени од граѓани.

Ова денеска беше истакнато на меѓународната конференција, за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста која е со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и одбележувањето на 10-от роденден на Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП).

реклама

Директорот на ДЗЛП Димитар Ѓеорѓиевски истакна дека резултатите за досегашното работење на Дирекцијата покажуваат оти се наоѓа на вистинскиот пат.

– Бројот на претставките кои секојдневно ги добиваме и кои на годишно ниво се прикажани во извештаите покажуваат дека во 2013, 2014 и 2015 година бележи раст во нарушувањето на приватноста во поглед на социјалните медиуми, истакна Ѓеорѓиевски.

Според заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Роберт Лидел заштитата на податоци претставува човеково право.

– Денеска гледаме како компјутерите и интернетот преземаат контрола над нашите животи и од тука заштитата на податоците е многу важна. Затоа и постои Дирекцијата за заштита на податоците, но и граѓаните треба да преземат контрола за ова прашање. Луѓето мора да се свесни дека податоците се собираат и да знаат за што се користат, истакна Лидел.

Додаде дека мора да се гледа кон иднината затоа што 10 години се многу кога се работи за информациската технологија. – Сметаме дека најинтересно право е да се биде заборавен и доколку сакате вашите податоци да се повлечат од интернет треба да имате право да го направите тоа, нагласи Лидел.

Според податоците на ДЗЛП во 2014 година 245 претставки биле поднесени по електронски пат, 125 по писмен пат и една усно. Од претставките 54 проценти се однесувале за злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. За бришење на лажен профил на Фејсбук се поднесени 130 барања, 12 за бришење на лажни профили на малолетни лица на истата мрежа. За пробиено корисничко име или лозинка на профил поднесени се 47 барања.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.