Следи нѐ
To Top

Почнуваат уписите во средно образование

Почнува запишувањето на полуматурантите во средно образование кое е задолжително во Македонија.

Денеска и утре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување  ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.

реклама

Според Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март, второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29-ти и 30 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1 јули.

Во Конкурсот, објавен на веб-страницата на МОН www.mon.gov.mk, се наведени слободните места за гимназиско, стручно и уметничко образование во средните училишта во Град Скопје и во сите општини во државата, условите за запишување и критериумите за избор на кандидатите, потребните документи и конкурсните рокови.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27 август 2015.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.