//
Следи нѐ
To Top

ФОТО: Интернационалниот ден на јога одбележан и во Македонија

Овој викенд, голем број граѓани храбро решија да му пркосат на променливото време и да пробаат да се одморат и релаксираат во зелената и пријатна атмосфера во Градскиот Парк во Скопје.

Присутните се приклучија на час по јога на отворено, кој се одржа во срцето на градот, во Градски Парк (кај Школка).

реклама

По повод Интернационалниот Ден на Јога, настан на глобално ниво кој се одбележува низ целиот свет, здружението Уметност на Живеење заедно со Министерството за Здравство на Р. Македонија, Синерџи Фитнес и Спа, Шпаркасе Банка, Јана Вода, Биокосмос и Индиската Амбасада од Бугарија, на граѓаните им понудија релаксација со јога на отворено токму во срцето на градот, а на Македонија шанса да биде дел од овој интернационален настан покрај голем број земји од целиот свет.

– „Во време кога ритамот на живеење е сè побрз, а животниот стил наметнува секојдневен стрес како и нездрав начин на исхрана, наш главен приоритет е промоција на здравиот начин на живот и барање на начини како да се подобри секојдневието на граѓаните преку организирање на настани од овој вид, кои се достапни за секој кој е заинтересиран да го негува своето здравје и да ужива во природата. Јогата е совршен избор за секого, преку смирувачки начин да се пронајде мирот кој на сите нас ни е потребен. Задоволни сме од големата заинтересираност на граѓаните за овој настан, а се надеваме во иднина нивниот број сè повеќе ќе се зголемува кога е во прашање промоција на здравите навики за негување на телото и духот,“ – изјавија претставниците од Синерџи Фитнес и Спа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: